Покана за учество во акцијата "Ден на дрвото-засади ја својата иднина"

Општина Илинден активно е вклучена во реализација на активностите од проектот “Ден на дрвото-засади ја својата иднина”.

По тој повод на 30 март (вторник) со почеток во 09:00 часот во населено места Мршевци (Мршевски рид) ќе се изврши пошумување на вкупна површина од 80 хектари и 160.000 садници.

За таа цел ги покануваме сите граѓани, Месните заедници, Спортските клубови, Невладините здруженија, Штабот за заштита и спасување на општина Илинден, Основните училишта, Јавните Комунални Претпријатија при општина Илинден, Стопaнските субјекти, Советот и општинската администрација во Општина Илинден да земат активно учество и заедно да допринесеме за успешно реализирање на акцијата и збогатување на шумскиот фонд.

За таа цел почитувани граѓани, Ве известуваме дека ќе има организиран превоз (носење и враќање) со обележани автобуси до местата на пошумување во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Подетални информации на телефоните:02/2571-703, 02/2571-704.
Ви Благодариме за соработката! 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010