ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, особено при преминот кон децентрализација чија главна цел е да обезбеди развој на локалното стопанство во Општина Илинден.
Општина Илинден го донесе и усвои Локален Акционен План за заштита на животната средина (ЛЕАП) во кој при спроведената јавна анкета граѓаните го дефинираа немањето на канализационен систем како приоритет проблем број еден во општината..