Prijavi problem

Во училишните клупи седнаа 2000 ученици

Објавено на: 04.09.2019 - 10:44

 

Во Општина Илинден отпочна новата учебна година за учениците од основните училишта, средното општинско стручно училиште и детската градинка. Во училишните клупи седнаа 2000 ученици, а меѓу нив најрадосни беа 155 првачиња. Наставата почна и за 255 средношколци, додека детската градинка згрижи 435 дечиња.

Основните општински училиште „Гоце Делев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“, Средното општинско стручно училиште „Илинден“ и детската градинка „Гоце Делчев“ подготвени ги прифатија учениците и дечињата во новата учебна година. Создавањето на квалитетни услови за обарзование и згрижувањето на децата од предучилишна возраст е приоритет во работењето на Општина Илинден.

Образованието претставува една од најзначајните области за развој и фактор на современиот раст. Затоа, инвестирањето, осовременувањето и унапредувањето на квалитетот на образовниот процес  е главен двигател за одржлив економски и социјален развој на локалната заедница. Во таа насока го изградивме средното стручно училиште, реконструирани се основните училишта, како и доградба на градинката со проширување на нејзиниот капацитет.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013