Prijavi problem

Велигденска Акција - Подари книга за Велигденско јајце

Објавено на: 12.07.2009 - 23:21

По  повод  големиот  христијански  празник Воскресение Христово-Велигден, Општина Илинден традиционално по трет пат, годинава на ден 16.04.2009 година (четврток) во период од   09,00 до 14,00 часот организира Манифестација под мото

"Подари книга за Велигденско јајце - симбол на Воскресение Христово".

Манифестацијата ќе се одржи во Основните училишта

-  „Гоце Делчев” н.Илинден;

-  „Ристо Крле” с.Кадино;

-  „Браќа Миладиновци” с.Миладиновци;

каде вкупно 2009 Велигденски јајца во знак на Двеилјадиидевето лето Господово ќе бидат украсени од страна на учениците и ќе се поделат на секој посетител на Манифестацијата кој ќе подари книга.

Со цел успешно продолжување на Манифестацијата, Ве покануваме да земете активно учество и со донирање на книги заедно ќе допринесеме да децата од општина Илинден имаат побогат фонд на книги во нивните училишни библиотеки.

                                                        

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

ilinden.gov.mk © 2013