



Успешно одбележен спортскиот викенд 2010Општина Илинден по повод патрониот празник на општината „Илинден“ - 2-ри Август, како и своето 14 годишно постоење и успешно функционирање како посебна единица на локалната самоуправа под мотото: ,,Ние навиваме за Македонија” организираше спортски викенд ,,Илинден 2010”. Во склоп на спортскиот викенд се организираше Велосипедска трка низ улиците на општина Илинден каде се одржа трка за рекреативци во должина од 5 километри како и професионалци во должина од 105 километри. Над 50 професионални велосипедисти настапија од повеќе клубови и се натпреваруваа во 5 категории (елит, мастерс, кадети, јуниори и жени). Покрај велосипедската трка во салата на зградата на општината се одржа шаховски турнир во играње на брзопотезен шах, како и турнир во кошарка кој се организираше во спортската сала „Гоце Делчев“. Воедно се организираше и првиот општински турнир во голем фудбал кои се натпреваруваа на помошното фудбалско игралиште кое е изградено во соработка со Агенцијата за Млади и спорт и Валдата на Република Македонија. Главен покровител на спортскиот викенд ,,Илинден 2010”, во кој свое активно учество земаа над 300 спортисти во сите спортови, е Градоначалникот на Општина Илинден г-дин.Жика Стојановски. Со спортските активности општина Илинден го отпочна одбележувањето на својот патронен празник кој ќе се комплетира со општонародниот собир, во манастирскиот комплекс ,,Свети Ѓорѓија” во населеното место Дељадровци кој ќе се одржи на 29.07.2010г. (четврток) со почеток во 20 часот. Резултати од спортскиот викенд: Фудбал: 1. ФК Кадино 2. ФК Мршевци 3. Тим Општина Илинден Кошарка: 1. Илинден 2. Кадино 3. Марино
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар