Prijavi problem

Успешна крводарителска акција - 50 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Објавено на: 28.02.2020 - 16:25

 

Во организација на Црвениот крст на Македонија и Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно се реализираше традиционалната крводарителска акција што секоја година се одржува во месец февруари. Преку дарувањето на драгоцената течност својата хуманост и солидарност ја покажаа 50 крводарители од Општината.

Според претставниците на Црвениот крст, граѓаните од Општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот, свесни дека секоја дадена капка од оваа драгоцена течност некому многу значи. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013