Prijavi problem

УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Објавено на: 18.10.2010 - 11:27

Општина Илинден интензивно работи на реализација на пректот ,,Изградба на Јавни тоалети и паркинг простор за тешки товарни возила”.

Со целосната изградба на јавните тоалети се реализираше првата фаза од проектот, со што се интезивираа градежните активности за целосно уредување на паркинг просторот за тешките товарни возила, кој се наоѓа на влезот на Стопанскиот комплекс Илинден, веднаш до автопатот Скопје–Куманово-Белград односно коридорот 10.

Инаку овој простор ќе можат да го користат сите лица кои транзитираат низ општина Илинден, односно пред се за лицата кои се движат со тешки товарни возила, да имаат простор и место каде ќе можат да застанат да се одморат и освежат и да го продолжат со своjoт пат.

Воедно паркинг просторот ќе се искористи и за граѓаните од општина Илинден кои досега немаа место за паркирање на своите тешки товарни возила, со што најчесто ги оставаа на јавни површини и простори во општината, со што допринесуваа до намалување на безбедноста како во сообраќајот така и на безбедноста на движењето на пешаците,како и воедно ќе се намали оштетувањето на локалната патна мрежа во општината од движењето на тешките товарни возила.

Вкупната вредност на проектот изнесува 2.200.000,00 денари, од кои Министерството за Транспорт и Врски обезбеди 1.200.000,00 денари, додека остатокот од 1.000.000,00 е обезбеден од Буџетот на општина Илинден.

 
 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013