Свечено пуштени во употреба новоизградените четири тениски терени во Општина Илинден

 

Во присуство на поголем број граѓани, во Општина Илинден на свечен начин беа пуштени во употреба новоизградените четири тениски игралишта. 

Тениските терени во употреба ги предадоа Претседателот на Владата на Република Македонија,  г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Жика Стојановски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски.

Тениските игралишта што се наоѓаат во непосредна близина на спортската сала “Гоце Делчев“, во населба Илинден, се дел од Проектот што се реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт, а како дел од Програмата на Владата за изградба на 100 тениски игралишта во општините во Република Македонија.

Терените се со најсовремена тврда подлога, изработена според сите светски стандарди, што ги прави погодни и за одржување на меѓународни тениски натпревари.

Со тениските игралишта ќе стопанисува Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти, кое што покрај за тениските игралишта се грижи и за спортската сала “Гоце Делчев“, како и за помошните фудбалски игралишта во Марино и во Кадино.

Tenis igralista
Tenis igralista
Tenis igralista

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010