



Свечено пуштање во употреба на Нов мост и новоизградена улица во населено место МиладиновциОпштина Илинден продолжува со реализација на капитални проекти со цел подобрување на локалната патна инфраструктура во општината,согласно Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта. Во таа насока целосно е завршен проектот "Изградба на нов мост и новоизградена улица во населено место Милидиновци". Реализиција на овој проект е всушност идеја на граѓаните на населено место Миладиновци, се со цел да се подобри комуникацијата, како и да се олесни движењето на граѓаните кои живеат на почетокот на населеното место. Со проектот беше опфатено изградба на мостот со тротоари со ширина од 6 метри и должина на мостот од 10 метри, како и целосно пробивање, тампонирање и асфалтирање на севисна улица во вкупна должина од 600 метри. Вкупната инвестиција за реализација на овој инфраструктурен проект изнесува 7.000.000,00 денари, кои се целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден и неговата реализација траеше 2 месеци. Новиот мост и новоизградената улица свечено ќе бидат пуштени во употреба на ден 29.07.2010г. (четврток) во 10 и 30 час, по повод одбележувањето на предстојниот патронен празник на Општина Илинден ,, Илинден ” 2 Август. Со изградбата на овој мост и новоизградената улица значително ќе се подобри секојдневната комуникацијата како и ќе се скрати патот на жителите со што ќе се допринесе до подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на населено место Миладиновци. |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар