Prijavi problem

Спортски викенд Илинден 2018 „Ние навиваме за Македонија“

Објавено на: 16.07.2018 - 09:11

 

По повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ на 21 јули (сабота) и 22 јули (недела) 2018 година, по 10-ти јубилеен пат ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2018“. На оваа традиционална спортска манифестација се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика-трчање, хокеј и голем фудбал.

И на овој јубилеен 10-ти Спортски викенд централен настан ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2018”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. „Трофеј Илинден 2018” има интернационален карактер бидејќи настапуваат велосипедисти од повеќе држави.

Стартот на трката е закажан за 22 јули (недела) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што ќе биде и целта. Ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино. Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри.

Се очекува да настапат над 70 велосипедисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

На професионалната велосипедска трка ќе и претходи велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри. На оваа трка можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од нивната возраст.

Натпреварите во атлетика ќе се одржат на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино при што над 200 ученици и младинци ќе се натпреваруваат во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри.

На шаховскиот турнир што се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија што ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“ се очекува да учествуваат 40 шахисти, меѓу кои и повеќе познати имиња во светот на шахот.

На тенискиот турнир, што Општина Илинден го организира во соработка со Тениската федерација на Македонија, ќе настапат 16 тенисери, додека натпреварите во баскет на кои ќе учествуваат 12 екипи ќе се одиграат во Спортскиот центар „Марино“.

Како дел од Спортскиот викенд „Илинден 2018“ на фудбалското игралиште во Марино ќе се одигра фудбалски натпревар, а како и минатата година ќе биде организиран и хокејарски натпревар.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски како покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2018“, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, маици...

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013