



САНАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТАОпштина Илинден согласно Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта, ги отпочна градежните работи за надградба, тампонирање и асфалтирање на патната инфраструктура на територија на Општината за тековната година. Согласно предвидените градежни активности целосно се врши санирање односно крпење на ударните дупки на локалниот пат која ги поврзува населените места Илинден-Марино-Миладиновци и локалниот пат Марино-Кадино-Мралино во должина од 20 км. Паралелно со овие градежни активности се изврши целосно пробивање, тампоирање и асфалтирање на сервисната улица кај новата спортска сала Гоце Делчев во населено место Илинден во должина од 200 метри. Исто така се изврши проширување и тампонирање на пристапниот пат кон излетничкото место во Миладиновци, целосно уредување и тампонирање на пристапниот пат кон црквата Св.Илија и локалните гробишата во н.м Миладиновци во вкупна должина од 1.400 метри. Со ова значително ќе се подобри состојбата на локалните патишта и ќе им се овозможи на граѓаните на Општина Илинден подобра и побезбедна комуникација. Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар