



ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА НОВИ УЧИЛНИЦИ И ТОАЛЕТИ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВОпштина Илинден во соработка со Јапонската Влада и Министерството за образование и наука го реализараше проектот за ,,Реконструкција и доградба на основното училиште Гоце Делчев” во населба Илинден. Со реализација на проектните активности се изградија две нови училници како и нови тоалети , со што ќе се овозможат услови за одржување на кабинетска настава во основното училиште. Основното училиште Гоце Делчев е најголемото училиште на територија на општина Илинден во кое учат вкупно 1068 ученици. Вкупната инвестиција за реализација на овој проект изнесува 6.100.000,00 денари. Финансиските средства за реализација на Проектот се обезбедени од донација од Јапонската Влада во висина од 3.200.000,00 денари, средства од Буџетот на општина Илинден во висина од 2.200.000,00 денари како и 700.000,00 денари од Министерството за Образование и наука. На овој начин на учениците од Основното училиште Гоце Делчев им се обезбедени квалитетни услови за покажување на своите способности и постигнување на високи резултати во образовнот процес.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувањаНастаниИзвестувања
|
Остави коментар