Prijavi problem

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Објавено на: 15.03.2019 - 16:23

На повеќе локации во Општина Илинден со засадување на садници и озеленување на просторот се реализира еколошкиот проект„Со зеленило против загадувањето“. Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Заштитата на животната средина како еден од најголемите предизвици на денешницата останува приоритет во работењето на Општина Илинден. Грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока  одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Затоа, отворен е повикот на Општина Илинден до сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучуваат во реализацијата на еколошките проекти. Секој од нас да даде личен придонес за заедницата, свој придонес во обезбедувањето почист воздух и поздрава животна средина во насока на создавање подобри услови за живеење за нас, но и за идните генерации.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013