



Предавање во употреба новоизградените четири тениски игралишта во Општина Илинден
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека на ден 28.01.2012 година (сабота), со почеток во 12,00 ч. на свечен начин ќе бидат предадени во употреба новоизградените четири тениски игралишта во Општина Илинден. Тениските терени во употреба ќе ги предадат Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски и Градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Жика Стојановски. По тој повод Ве покануваме да присуствувате на овој значаен настан и заеднички да го одбележиме отворањето на тениските игралишта.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар