



Предаден во употреба обновениот Дом на култура во Мршевци, како дел од капиталниот проект “10 Домови на културата“Во присуство на голем број жители, во населеното место Мршевци, на свечен начин беше предаден во употреба обновениот Дом на културата, како дел од проектот на Општина Илинден “10 Домови на културата“. Реконструираниот Дом на културата го предадоа во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кандидатите за пратеници Владимир Ѓорчев и Наде Станчевска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, како и претседателот на Советот на Општина Илинден, Марјан Милошевски. Домот на културата во Мршевци е изграден во шеесеттите години на минатиот век, а неговото неодржување придонесе да ја загуби првобитната намена, односно поради лошата состојба во која се наоѓа да биде вон употреба. Реализацијата на овој проект вреден три милиони денари ќе придонесе повторно да профункционира овој објект каде што граѓаните, месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва ќе имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци. ![]() ![]() |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Bravo Gradonacalnice ko Viena
Bravo Gradonacalnice ko Viena ne napraivte!!!
Остави коментар