Prijavi problem

Потпишан договор за соработка меѓу Средното општинско стручно училиште „Илинден“ и Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок, Хрватска

Објавено на: 11.04.2019 - 11:29

 

Средното општинско стручно училиште „Илинден“, од Општина Илинден и Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок, Република Хрватска потпишаа Меморандум за соработка со кој ја утврдија соработката  за реализирање на проектот Афирмативно искористување на слободното време на младите од различни културни средини. Реализацијата на овој проект е во  рамките на спроведувањето на меѓународна соработка на училишта со училишта од европските земји кои не учествуваат во ЕУ програми за образование и оспособување и за соработка  со училишта и други институции кои реализираат образование за припадниците на хрватското малцинство во странство во учебната  2018/2019 година, а кој е одобрен од Република Хрватска.

Целта на овој проект е јакнење на прекуграничната соработка на училиштата, развивање на иновативните пристапи во учењето и образованието за европските вредности, како и размена на националните и културните вредности на Македонија и Хрватска.

Меморандумот што беше потпишан за време на престојот на гостите од Хрватска во нашата земја, предвидува меѓусебна соработка на учениците и професорите од двете училишта, запознавање на културата и субкултурата на младите од различни средини, навики при искористување на слободно време како своевидна превенција на насилничко однесување. Учениците од двете училишта ќе разменуваат искуства и ќе смислат заедничка задача за изработка на филм и снимање на радио емисија за афирмативни и креативни начини  за исполнување на слободното време (изработка на медиумски содржини, волонтирање, дигитални медиуми и сл...) Заедничките средби би се реализирале преку работилници и дружење што би придонело за подобро меѓусебно запознавање, едукација и ширење на интеркултурен  дијалог.

Во насока на продолжување на добрите меѓусебни односи градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, директорката на Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок, Божица Шариќ и директорот на СОСУ „Илинден“, Зоран Арсовски засадија две дрвца на пријателство во дворот на средното училиште „Илинден“.

Во придружба на градоначалникот Стојановски, гостите од Хрватска посетија повеќе знаменитости во Општина Илинден.

 

Potpisan Sporazum o suradnji ŠUDIGO-a i Srednje općinske strukovne škole „Ilinden“iz Makedonije

 


Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013