Prijavi problem

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ВТОРИОТ СЕГМЕНТ НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА

Објавено на: 01.10.2009 - 07:57

 

Со поставување на камен темелникот, отпочнаа градежните активности за изградба на вториот сегмент на фекаланата канализација за прифаќање и третман на отпадните води во Општина Илинден.

Поставувањето на камен темелникот на фекаланата канализација и пречистителната станица во населба Илинден, во пристуство на голем број посетители и граѓани од Општината, го изврши Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски. 

Со гредежните активности предвидено е во населба Илинден да се изгради и постави канализациона мрежа во вкупна должина од 6 000 метри како и да се постави и инсталира пречистителна станица од 1250 еквивалент жители.

Подрачјето каде што се гради овој сегмет од канализациониот систем во изминатиот период при најмали дождови потпомогнати со високото ниво на подземни води  често се случуваше излевање на водите од септички јами и поплавивање на дворовите,куќите и локалните патиштата со што граѓаните од овој дел имаа големи проблеми.

На овој начин ќе се реши овој приоритетен проблем кој го имаа жителите од населба Илинден со што ќе се допринесе за подобрување на условите и кавалитетот на живеење на граѓаите.

Вкупната вредност на проектот изнесува 35.000.000,00 денари, кои се обезбедени од буџетот на општина Илинден и од Министереството за Транспорт и Врски.

Изградбата на вториот сегмент од фекалната канализација ќе се надополни и поврзе со завршениот и функционален прв сегмент со што ќе се продолжи кон изградба на останатите сегменти за целата територија на општина Илинден.

 

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013