



Поставен камен темелник на нов Дом на културата во ТекијаВо населеното место Текија, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник на нов Дом на културата. Во присуство на поголем број граѓани камен темелникот го поставија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев. Изградбата на овој дом на култура е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на Домот на Културата во нас. Илинден што е во тек, опфатена е и реконструкција и санација на сите домови на културата во Општината. При крај е реконструкцијата на Домовите на културата во населените места Кадино, Бујковци и Бучинци, додека Домот на културата во населеното место Мршевци веќе е комплетно реконструиран и предаден во употреба. ![]() ![]() |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар