ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА 4 НОВИ ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА

 

Со поставување на камен темелникот отпочнаа градежните активности за за реализација на проектот “Изградба на 4 тениски игралишта”.

Поставувањето на камен темелникот за изградбата на новите тениски игралишта во пристуство на голем број посетители и граѓани од Општината, го извршија Претседателот на Владата на Република Македонија  г-дин. Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин.Диме Спасов и Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски. 

Овој проект се спроведува во Соработка со Агенцијата за Млади и спорт како дел од Програмата на Владата на РМ за изградба на 100 тениски терени во општините во Република Македонија.

Новите 4 тениски игралишта ќе се градат веднаш до Спортската сала Гоце Делчев во населба Илинден, со што ќе се продолжи со изградба и уредување на просторот како и ќе се комплетира на проектот за изградба на целосен модерен спортски комплекс.

Со изградбата на овие тениски игралишта значитително ќе се подобрат условите за развој и унапредување на спортот и спортскиот дух како и промовирање на тенискиот спорт во општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010