



Посета на Министерот за Образование и Наука на основните училишта во општина ИлинденВо пресрет на новата учебна година Министерот за Образование и Наука г-дин. Никола Тодоров заедно со Градоначалникот на општина Илинден г-дин. Жика Стојановски ги посетија основните училишта во општина Илинден. Градоначалникот ги посочи реализираните капитални проекти на општина Илинден во образованието во насока на реновирање и модернизирање на училишните простории и згради, се со цел да се обезбедат квалитетни услови за реализирање на наставната програма како и да се подигнат нормите, вредностите и стандардите во образованието. Во Основното Училиште ,,Гоце Делчев” извршенa е доградба на две нови училници и тоалети, променети се старите дрвени прозорци со нови алуминиумски со топлотна изолација како и изградени се нови тоалети во Основните Училишта ,,Гоце Делчев”, ,,Браќа Миладиновци” и ,,Ристо Крле”. Целосно е променета кровната конструкција во Подрачното Основно Училиште ,,Браќа Миладиновци” во населено место Мршевци, додека во Oсновното Училиште ,,Ристо Крле” извршено е целосно внатрешно санирање, бојадисување како и опремување со нов инвентар на училниците. Вкупно средства за реализaција на капиталните проекти во насока на реновирање во сите основните училишта во општина Илинден годинава се инвестирани 15.400.000,00 денари, од кои средства од Министерството за Образование и наука се инвестирани 3.000.000,00 денари, средства од Буџетот на општина Илинден од 6.500.000,00 денари и од донации во висина од 5.900.000,00 денари. На овој начин на учениците од основните училиште во општина Илинден им се обезбедени квалитетни услови за покажување на своите способности и постигнување на високи резултати во образовниот процес. |
LanguagesпребарувањеИзвестувањаНастаниИзвестувања
|
Остави коментар