Политика за квалитет на Општина Илинден

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ВИЗИЈА

Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна Општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението.

МИСИЈА

Мисија Општина Илинден има за цел да обезбеди одржлив развој користејќи ги расположливите природни ресурси и човечки потенцијали насочени кон создавање просперитетна иднина на целокупното население и заедницата.

Политиката за квалитет е составен дел на Политиката на Градоначалникот и Општинската администрација и преставува рамка за дефинирање на целите за квалитет. Општина Илинден во остварувањето на својата мисија е насочена кон:

  • Создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството;
  • Создавање на поволни услови за одржлив економски развој и создавање на поволна инвестициона клима и отварање на нови работни места;
  • Зајакнување и промовирање на релациите на партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор;
  • Искористување на локалните ресурси и создавање на услови за рекреативен и транзитен туризам;
  • Развивање на образование, културата, здравството, спортот и заштитата на животната средина во насока на подобрување на квалитетот на живеење во Општината;
  • Тимската работа е основа за нашата компетентност и професионалност;
  • Законско исполнување на потребите и очекувањата на нашите граѓани;
  • Спроведување на оваа Политика и достигање на нова деловна култура и компентетност се потикнува со програма за оспособување и мотивација на сите вработени;
  • Создавање на ефикасна и граѓански ориентирана општина преку воведување, оддржување и постојано подобрување на Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2008;

МОТО: ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИЛНИТЕ СТРАНИ НА ОПШТИНАТА

Јуни, 2010

Градоначалник на Општина Илинден

Жика Стојановски

Оригиналниот Документ може да го превземете со клик ТУКА, доколку имате инсталирано Adobe PDF Reader

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010