По повод Денот на Општина Илинден „Илинден“ - 2-ри август, тардиционално по четврти пат, општината ќе го прослави своето успешно функционирање како посебна единица на локалната самоуправа под мотото: со ,,Илинден,, традицијата продолжува.
По тој повод, на ден 30.07.2009 година (четврток) со почеток од 20,оо час, ќе се организира општонароден собир кој ќе се одржи во манастирскиот комплекс “Свети Ѓорѓија“ во н.м. Дељадровци - општина Илинден.
Особено чест и задоволство ќе ни претставува доколку и Вие присуствувате на нашата заедничка прослава.