



Петта година по ред Проект "Бесплатни курсеви по странски јазици, гитара, уметност, модерен балет и фолклор"Петта година по ред Проект "Бесплатни курсеви по странски јазици, гитара, уметност, модерен балет и фолклор" Општинскиот Културен Едукативен Центар ИЛИНДЕН, кој е формиран од страна на Општина Илинден веќе петта година по ред успешно го реализира проектот беспалтни курсеви по странски јазик, музика и уметност за учениците од IV до VIII одделение во трите основни училишта во Општина Илинден "Гоце Делчев", "Ристо Крле" и "Браќа Миладиновци" во учебна 2009/10 година. Со цел да се помогне во подигнување на квалитетот на образовниот процес и да се допринесе да младата популација се здобие со нови образовни и културни вредности, со бесплатните курсеви беше опфатено изучување на странските јазици: Англиски, Германски, Шпански и Италијански јазик, како и курсеви по Гитара, Уметност, Модерен балет, Традиционален фолклор и Драма. Интересот кај најмладите за посетување на овие курсеви и покрај тоа што се одвиваа во сабота, ден за одмор на најмладите е голем, бидејќи овие часови ги посетија 600 ученици. По повод успешното завршување на курсевите, Градоначалникот на општина Илинден г-дин. Жика Стојановски, на сите ученици кои ги посетуваа бесплатните курсеви по странски јазик, музика и уметност, им додели дипломи, ЦД-иња со изучените лекции во текот на годината, како и книги за најдобрите ученици кои ги посетија курсевите. Огромна подршка за изучувањето и спроведувањето на овие курсеви даде и самото локално население. |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар