



ОДРЖАНА ЛИТЕРАТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА "ИЛИНДЕН 2010"Општина Илинден по единаесети пат годинава ги организира Меѓународните литературни средби "Илинден - 2010" Бројните содржини Манифестацијата има за цел да ја запознае пошироката културна јавност со творештвото и постигањата во опкружовањето и пошироко, но и со достигнувањето на македонската современа поезија во странство. Годинава преку меѓународната литературна манифестација се даде осврт на ликот, делото и творештвото на македонскиот писател Матеја Матевски, кое го презентираше Директорот на Институтот за Литература Лорета Георгиевска-Јаковлевска. Во склоп на манифестацијата се одржи литературно матине за деца во Основното училиште Гоце Делчев каде беа наградени најдобрите творби на учениците, изложба на ликовни дела и ликовни гравури, додека пак под мотото: ,,СЛОБОДНИ ПОЕТСКИ ДЕНОВИ ” им се даде платформа и афирмација на младите поети каде за најдобра песна беше наградена Анета Боневска од Скопје. На главниот поетски митинг свој настап имаа голем број домашни и странски поети кои ги презентираа со своите најнови дела. Награда за животно дело му беше доделена на г-дин.Матеја Матевски, Повелба за особен придонес во афирмација на манифестацијата прими г-дин.Раде Силјан додека посебна благодарница за подршка во афирмација на манифестацијата доби Министерот за култура г-ѓа. Елизабета Канческа Милеска. Наградите ги врачи покровителот на манифетацијата Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар