Одржан државен натпревар во засадување на садници во Општина Илинден

Општина Илинден во соработка со Министерството за образование и граѓанското здружение Ден на дрвото-засади ја својата иднина, организираше државен натпревар во брзо садедње на дрвца.

Државниот натпревар се одржа во населеното место Мршевци-Општина Илинден, како најава за големата акција која ќе се случи на 30 март (вторник) 2010 година каде во Општфина Илинден ќе се засадат 100 хектари односно 400 000 садници.

На овој државен натпревар учествуваа ученици од основни училишата од 23 општини каде учениците преку дружење се натпреваруваа кој најбрзо и најквалитетно ќе изврши засадување на садник.

На натпреварот прво место освоија учениците од Општина Илинден, второ учениците од Општина Гостивар и трето место ученици од Општина Аеродром.

За сите учесници Градоначачникот на општина Илинден г-дин Жика Стојановски, Државниот секретар во министерството за образование г-ѓа Елизабета Тодоровска и г-дин.Борис Трајанов Претседател на граѓанското здружение Ден на дрвото-засади ја својата иднина, доделија благодарници додека за првите три најуспешни екипи се доделија пехари.

Манифестацијата беше збогатена со музички настап на повеќе естрадни македонски ѕвезди кои ги забавуваа присутните посетители.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010