



НОВИ ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ "БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ"Општина Илинден во соработка со УСАИД/ПЕП успешно го реализираа проектот Промена на прозорци и врати на Основното училиште "Браќа Миладиновци". Со реализација на овој заеднички проект се овозможи целосно санирање односно промена на 78 стари застарените и оштетени дрвени прозорци со нови алуминиумски прозори (со топлинска изолација) како и поставување на 8 нови врати. Општина Илинден обезбеди сретства за изработка на целосна техничка документација во врска со проектните активности, како и средства за обработка на внатрешните и надворешните ивици на прозорците и вратите како и монтирање на окапници на надворешните страни на прозорците, додека пак УСАИД/ПЕП ги обезбеди алуминиумските прозорци и врати. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.100.000 денари од кои УСАИД/ПЕП учествуваше со 860.000 денари додека општина Илинден од својот Буџет обезбеди 250.000 денари. Свечено пуштање на проектот извршија Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски и Адмиралот на силите на ЕУКОМ г-дин. Вилијам Енди Браун. Со имплементација на овој проект се овозможи да 345 ученици од Основното училиште "Браќа Миладиновци" имаат подобри услови за работа и следење на наставата, односно потопли училници со што директно се влијае за подобрување на квалитетот на образованието на територија на Општина Илинден. ![]() ![]() |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар