Prijavi problem

Нови простории за здруженијата на граѓани во новоизградениот Дом на култура во Миладиновци

Објавено на: 13.01.2017 - 13:24

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на домови на култура во сите 12 населени места, Општина Илинден изгради нов Дом на култура во населено место Миладиновци, со површина од 360 метри квадратни.

Со изградбата на новиот дом Општина Илинден создаде просторни услови за функционирање на локалните здруженија на граѓани, за одржување на културни настани, разни видови предавања, работилници, трибини, конференции...

Во таа насока во новиот дом на култура „Браќа Миладиновци“, во Миладиновци, свои простории добија локалната месна заедница, хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, како и членовите на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“.

Покрај ова, Општината обезбеди нов објект во населба Илинден со површина од 120 метри квадратни каде што ќе биде сместено седиштето на Здружението на пензионери од Општина Илинден, кое брои близу 2.000 пензионери, како и Пензионерскиот клуб од населба Илинден.

Во Општината досега се формирани  5 пензионерски клубови во населените места, Илинден, Марино, Кадино, Бујковци и Миладиновци.

Општина Илинден и во иднина континуирано ќе продолжи да создава услови за обезбедување на квалитетно живеење на сите граѓани во локалната заедница. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013