Марио Димитријевски најсреќен меѓу 58 верници што скокнаа по Богојавленскиот крст за Водици во Општина Илинден

 

Шеснаесетгодишниот Марио Димитријевски беше најсреќниот меѓу 58 верници кои скокнаа по Богојавленскиот крст, што за големиот христијански празник Водици беше фрлен во водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, во Општина Илинден.

Оваа манифестација традиционално по четврти ја организираше Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата “Свети Константин и Елена“.

На најсреќниот учесник, кој годинава по втор пат се фрли по крстот, од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски,како и  од претставници на јавните претпријатија, повеќе бизнисмени и граѓани му беа доделени повеќе вредни награди.

За многубројните посетители на оваа манифестации која од година во година станува се помасовна, Општина Илинден обезбеди топли пијалоци, како и традиционалната пивтија.

Традиционално како и секоја година по повод Водици во Општината беше организиран прием за најсреќниот во манифестацијата и неговото семејство од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, при што кон честитките на пригоден начин се приклучија и вработените во општинската администрација.

Vodici2012
Vodici 2012
Vodici 2012
Vodici 2012

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010