Prijavi problem

Курсот по кинески јазик вистински хит на Бесплатните курсеви во Општина Илинден

Објавено на: 11.02.2013 - 10:50
Курсот по кинески е вистински хит на Бесплатните курсеви што Општина Илинден ги реализира во рамките на Културно едукативниот центар „Илинден“. 
Кинескиот јазик започна да се изучува од минатата недела и побуди вистински интерес кај учениците од Општина Илинден. Во првите два часа се пријавиле 70 ученици на возраст од 12 до 16 години кои што сакаат да го изучуваат кинескиот јазик. На првиот час учениците ги научиле личните заменки и основните поздрави, додека веќе на вториот час се запознаа со тоа како се пишуваат и изговараат најчесто употребуваните предмети. 
Културно едукативниот центар „Илинден“ веќе седма година по ред го реализира проектот Бесплатни курсеви по странски јазик (англиски, германски, италијански и шпански), курсеви по музика (гитара), курсеви по уметност (сликарство), модерен балет, народно оро, народно пеење, драма, јога и единствено во нашата земја курс за креативно пишување за учениците од четврто до деветто одделение од трите основни училишта  „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“. 
Главната цел на овој проект на Општина Илинден е да се подигне квалитетот на образовниот процес и да се придонесе младата популација да се стекне со нови образовни и културни вредности. 
Бесплатниот курс по кинески јазик го држи професор Луси Трајковска која што потекнува од Кина, а веќе 20 години живее и работи во Македонија.
Kurs po kineski Ilinden
Kurs po kineski Ilinden
Kurs po kineski Ilinden
Kurs po kineski Ilinden

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013