Prijavi problem

Камен темелник на новиот Дом на културата

Објавено на: 08.02.2011 - 09:04

Во присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалникот Жика Стојановски, пратеници, членови на Владата, претставници на Македонската православна црква, гости и голем број граѓани, во Општина Илинден на свечен начин беа поставени темелите на новиот Дом на културата.

Новиот Дом на културата што ќе зафаќа површина од 897 метри квадратни ќе претставува повеќенаменски објект во кој ќе се наоѓа галерија за ликовни изложби, кино сала и сала за театар и културни претстави, конференциски сали, сали за семинари и работилници, библиотека, сала за венчавки, како и информатички центар.

Според договорот меѓу партнерите што треба да го реализираат овој капитален проект, Општина Илинден, Европската Унија и изведувачот на работите, фирмата “Изградба комерц“, изградбата на Домот на културата ќе чини 450.000 евра. За оваа намена Европската Унија одвои 200.000 евра, а преостанатите 250.000 евра се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Изградбата на Домот на културата во населеното место Илинден е дел од приоритетната програма на Општина Илинден за реконструкција, реновирање и доизградба на домовите на културата во населените места. За оваа намена од Буџетот на Општината за годинава се предвидени 15 милиони денари.

Со оспособувањето на домовите на културата ќе се обезбедат поволни услови за развој и унапредување на културата, како и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден. Домовите на културата ќе можат да ги користат месните заедници, невладините организации, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва, односно сите граѓани кои што ќе имаат потреба за тоа.

 
 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013