



ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - КО ИЛИНДЕН – УБ1Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002) и член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/2005, 137/2007, 24/2008 и 91/2009), Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Нацрт на Урбанистички план вон населено место Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден – УБ1, измена и дополна, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „2“, ул.„3“ и ул. „ 11“, плански период 2010-2020,општина Илинден, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Нацрт на Урбанистички план вон населено место Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден – УБ1, измена и дополна, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „2“, ул.„3“ и ул. „ 11“, плански период 2010-2020,општина Илинден. Јавната презентација по Урбанистичкиот план ќе се одржи на 19.05.2010 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Илинден. Урбанистичкиот план ќе биде изложен во н.м.Илинден и во просториите на општина Илинден во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето на ова Соопштение, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот. Површината на планскиот опфат, кој е предмет на изработка на урбанистичкиот план изнесува 24,80 ха. Границата на планскиот опфат на урбанистичкиот план се движи:
Со Нацрт на Урбанистички план вон населено место Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден – УБ1, измена и дополна, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „2“, ул.„3“ и ул. „ 11“, плански период 2010-2020,општина Илинден, се предвидуваат следните класи на намена: Г2 -лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намени : Б1 –мали комерцијални и деловни намени, Г3 – сервиси, Г4 – стоваришта Д2 – заштитно зеленило Е2 - комунална супраструктура - трафостаниц Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар