



ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН” 2010
Општина Илинден годинава по единаесетти пат организира Меѓународна Литературна Манифестација „ИЛИНДЕН“ која ќе се одржи на 27. мај 2010 година. На манифестацијата ќе настапат голем број на домашни и странски поети, додека пак под мотото: ,,СЛОБОДНИ ПОЕТСКИ ДЕНОВИ” своја платформа за афирмација ќе имаат и младите поети. По тој повод упатуваме покана за сите заинтересирани граѓани да ја посетат манифестацијата, како и сите заитересирани поети кои имаат желба да настапат на Меѓународна Литературна Манифестација „ИЛИНДЕН“. Поетите своите лични податоци и текстот на песните да ги достават преку пошта на адреса: ул.9 б.б. 1041 н. Илинден или на email: literaturnamanifestacija@ilinden.gov.mk заклучно до 20. мај 2010 година. Подетални информации на тел: 02/2571-703
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар