Prijavi problem

Интензивно се вршат приклучоци на канализациониот систем

Објавено на: 14.12.2010 - 12:53

Општина Илинден продолжува со реализација на приоритетниот капитален проект ,,Изградба на канализационен систем за прифаќање и третман на отпаните води”.

Во изминатиот период интензивно се работи на активностите за реализација на приклучоците на домаќинствата на изградениот прв сегмент на фекалната канализација и пречистителна станица за 1.250 еквивалент жители.
Во таа насока реализирани се 310 приклучоци на домаќинства на канализациониот систем во населеното место Марино каде отпадните води од домаќинствата преку пречистителната станица се пречистува со квалитет од втора категорија.
Воедно паралелно се работи на изградбата на вториот сегмент од канализациониот систем во населното место Илинден, каде веќе е изградена примарната канализациона мрежа и во наредниот период ќе се пристапи кон поставување и изградба на пречистителната станица.
Истотака во населеното место Кадино се отпочна со градежните активности за изградба на третиот сегмент од канализациониот систем за прифаќање и третман на отпадните води.
Инаку целиот систем за прифаќање и третман на отпадни води на територијата на Општина Илинден се состои од 24 оделни сегменти кои се независни еден од друг и во зависност од расположливите финансиски сретстава ќе се градат еден по еден.
Со изградбата на фекалната канализација за прифаќање и третман на отпани води ќе се реши долгогодишниот проблем кој го имаа 16.000 жителите на општина Илинден и значително ќе се придонесе кон подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и локалниот економски развој на општината.
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013