Prijavi problem

Инсталирана пречистителната станица од фекалната канализација во н.м. Кадино

Објавено на: 14.03.2014 - 14:24

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Деновиве е целосно инсталирана пречистителната станица која што ќе врши зафаќање и третман на отпадни води од над 300 домаќинства од населеното место Кадино. Пречистителната станица е комплетно автоматизирана и претставуава модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградуваа во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините.

Пречистителната станица е дел од сегментот од фекалната канализација за прифаќање и третман на отпадните води во н.м. Кадино, припадна површина 4, во должина од 3.839 метри канализациона мрежа. Со изградбата на овој дел од фекалната канализација ќе се реши проблемот на над 300 семејства или околу 1250  екв/жители во н.м. Кадино.

Досега комплетно е изграден и предаден во употреба првиот сегмент од фекалната канализациона мрежа во н.м. Марино, на која се приклучени 330 семејства.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013