




Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години постоење
Објавено на: 02.10.2018 - 09:10
Фудбалската школа Грозданоски одбележа две години од своето постоење во Општина Илинден. На пригодното одбележување на годишнината, присуствуваше и градоначалникот, Жика Стојановски. Оваа школа што се реализира на фудбалските игралишта во Општина Илиден ја посетуваат над 200 деца на возраст од 6 до 14 години. Меѓу нив, како што вели поранешниот фудбалер на Вардар, Влатко Грозданоски, кој со неговиот стручен тим ја води школата, речиси од секоја генерација има по неколку деца кои имаат талент да бидат вонсериски фудбалери, но дали тоа ќе биде така, вели тој, зависи од многу фактори. Според неговите зборови фудбалските терени во Општина Илинден се со извонреден квалитет, едни од подобрите во земјата, што многу придинесува децата полесно да навлезат во тајните на фудбалската игра, што е една од причините поради која токму тука ја отворил фудбалската школа. Ова е резултат на постојаните заложби на Општината за создавање услови за спорт и рекреација, на континуираното инвестирање во спортската инфраструктура и одржувањето на спортските објекти. Грозданоски посебно ја истакна поддршката од Општина Илинден и градоначалникот Жика Стојановски, која многу придонесе за успешната реализација на овој проект, која се надева дека ќе продолжи и во иднина.
|
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар