Доделување на Стипендии за талентирани ученици и спортисти

Општина Илинден со цел за помагање, стимулирање и напредок во образовниот процес како и промовирање и поддршка на спортот во општината додели Стипендии на 14 талентирани ученици и спортисти.

Во насока на создавање на квалитетни услови за постигнување на високи резултати во образовниот процес како и стимулирање и развој на спортот и физичката култура, Општина Илинден за талентирани ученици и спортисти од Буџетот одвои финансиски средстава во висина од 50.000,00 денари. 

Со стипендиите се стекнаа 10 талентирани спортисти од подрачјето на општина Илинден, како и 4 талентирани ученици од основното образование на кои поединечно им се доделени финансиски сретства во висина од 3.500 денари, кои лично им ги додели Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски.

Средствата за стипендии се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010