ДОБИЕНА НАГРАДА ОД ПРОЕКТОТ НА ЕУ - ОПШТИНСКИ НАГРАДИ 2008

Општина Илинден со својот Проект “Локален Економски Развој на Општина Илинден” доби награда “Општински награди-2008” финансирана од страна на Европската Унија раководена од Делегацијата на Европската Комисија во Р.Македонија.

Со својот проект, Општина Илинден е избрана како најдобра општина во делот на Рурални општини, и по тој повод ќе добие средства во висина од 200.000,00 евра за реализација на инфрастуктурен проект од општината.

Проектот “Локален Економски Развој на Општина Илинден” со кој аплицираше Општина Илинден, има за цел подобрување на економската состојба во општината преку зголемување на обемот на приходите по основ на експанзија на бројот на претпријатија во приватниот сектор како и подобрување на условите за економски растеж и отварање на нови работни места во насока на подобување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден.

Главен показател за успешноста на реализираниот проект се отворените 30 нови стопански комплекси со вкупна инвестициона вредност од 50 милиони евра, со нови 353 отворени работни места.
Резултат од проектот е зголемен Буџет на Општина Илинден за 301%.

 Проектот “Општински награди” започна во октомври 2008 година каде право да аплицираат имаа сите 84 општини и Градот Скопје, и беше насочен кон потенцирање на важноста на децентрализацијата, како и признавање на извонредните и одржливи постигнувања на општините.

Врачувањето на оваа награда на Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски ја изврши Шефот на Делегацијата на Европската Комисија во Р.Македонија г-дин. Ерван Фуере во присуство на Министерот за локална Самоуправа г-дин.Муса Џафери и Извршниот директор на ЗЕЛС г-ѓа Душица Перишиќ.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2009