Целосно уредување на просторот пред новото помошно игралиште во н.м Кадино

Општина Илинден отпочна со градежни активности за уредување на просторот пред новото помошно фудбалско игралиште во населено место Кадино.

Ова е второ помошно фудбалско игралиште кое се гради во општина Илинден во соработка со Агенцијата за млади и Спорт како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта. 

Покрај ова игралиште кое е во завршна фаза од изградбата, веќе е изградено и пуштено во употреба новото помошно фудбалско игралиште во населеното место Марино.

Со предвидените градежни активности општина Илинден, целосно обезбеди поврзување на игралиштето со водоводен приклучок за спортскиот терен како и приклучоци за одвод.

Воедно целосно ќе се уреди пристапниот простор до игралиштето со изградба на паркинг за возила со целосно хортикултурно уредување на површината околу спортскиот терен.

Со уредувањето на просторот околу помошно фудбалско игралиште кое се наоѓа веднаш до постоечкиот фудбалски терен на Фудбалскиот клуб Кадино, во план е да се изгради и игралиште за мал фудбал и кошарка, со што целиот овој простор ќе добие совемен изглед на еден урбан спортски комплекс.

Средствата за целосното уредување на простор пред спортскиот комплекс се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Со реализирањето на овие активности општина Илинден продолжува со инвестирање во спортската инфраструктура во општината како дел од определбата за создавање на здрава и физички активна младина како и развивање на спортот и спортскиот дух кај младите.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010