Prijavi problem

10 Домови на култура

Објавено на: 06.04.2011 - 14:45

Oпштина Илинден почна со реализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“.

 Со имплементацијата на овој проект ќе се изврши санација, реконструкција и опремување на десет домови на културата на територијата на Општината.

Реализацијата на проектот почна со санација и реконструкција на домовите на културата во населените места Бујковци и Мршевци, каде што покрај градежната фирма изведувач на работите, активно во расчистување на теренот и засадување на садници се вклучија и граѓаните, членовите на месните заедници и вработените во општинската администрација. 

Домовите на културата во Бујковци и во Мршевци се изграден во шеесеттите години на минатиот век, а нивното неодржување придoнесе тие да ја загубат првобитната намена, односно поради лошата состојба во која се наоѓаа да бидат вон употреба.

Токму реализацијата на овој проект ќе придонесе за повторно функционирање на овие објекти каде што граѓаните, месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва ќе имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци.

Покрај целосната реконструкција, санација и опремување на овие Домови на културата Општина Илинден ќе ги преземе и обрските за плаќање на електричната енергија која што ќе се користи во овие објекти.

Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 
 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013