Prijavi problem

„Џонсон Мети“ почна да гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје 1 во Општина Илинден

Објавено на: 10.05.2012 - 12:10

Британската компанија „Џонсон Мети“ почна со изградба на својата втора фабрика за автомобилски катализатори  во индустриската зона „Скопје 1“, во Општина Илинден. Инвестицијата вредна 60 милиони евра со која двојно ќе се зголеми производството, ќе овозможи отворање на 100 нови работни места.

- „Џонсон Мети“ е втората голема странска компанија која се решава за реинвестиција во Република Македонија. Тоа зборува за сигурност, за задоволство, за просперитет. Кога некоја компанија реинвестира во Македонија тоа значи дека е задоволна од почетната инвестиција, дека е задоволна од условите за работа, од комуникацијата со властите и од сите останати параметри што се потребни за добар бизнис, изјави премиерот Никола Груевски, обраќајќи им се на присутните за време на поставувањето на камен-темелникот на „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1.

На присутните им се обрати и директорот за еколошки стандарди во „Џонсон Мети“ Лари Пентц, кој истакна дека „Џонсон Мети“ е присутен во Македонија од 2010 година и оттогаш има произведено шест милиони катализатори по светски стандарди и е извозник број еден од Македонија.

„Џонсон Мети“ веќе вложи 55 милиони евра за изградба на првата фабрика, во која во моментов работат околу 300 работници.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

ilinden.gov.mk © 2013