



“На кафе со нашиот Градоначалник“ во КадиноРеализацијата на Проектот “На кафе со нашиот Градоначалник“ продолжи во населено место Кадино. Повеќемина граѓани имаа можност на кафе-средбата со градоначалникот Жика Стојановски, во неврзан разговор да се информираат за актуелните случувања во Општината, но и да дадат свои идеи и мислења за она што треба да се направи во нивното населено место, за да се обезбеди што поквалитетен живот. Следната средба ќе се одржи на 02.02.2012 година (четврток) во периодот од 11 до 13 часот, во Домот на културата во Мралино, при што заинтересираните жители на ова населено место можат да бидат на “На кафе со нашиот Градоначалник“.
![]() |
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар