



“На кафе со нашиот Градоначалник“
Со цел поголема транспарентност и отворена комуникација со граѓаните, Општина Илинден почна со реализација на Проектот “На кафе со нашиот Градоначалник“. Во рамките на овој проект, градоначалникот Жика Стојановски ќе има средби со граѓаните во сите населени места, на кои во релаксирана атмосфера, со традиционален филџан кафе, ќе можат да се информираат за тековните активности на Општината, како и да дадат свои предлози за подобрување на квалитетот на живеење во своето населено место. Првата средба се одржа во реконструираниот Дом на култура во населеното место Бучинци, на која присуствуваа поголем број граѓани кои отворено разговараа со градоначалникот, давајќи идеи за реализација на проекти што сметаат дека се од интерес на жителите на ова населено место. Сите претстојни средби, како и оваа, ќе се одржуваат во новите и реконструирани домови на културата во Општината, опфатени со Проектот “10 Домови на културата“. Следната средба е планирана за 26.01.2012 година (четврток) во периодот од 11 до 13 часот, во Домот на културата во Бујковци, каде што заинтересираните жители на ова населено место ќе можат да бидат “На кафе со нашиот Градоначалник“. ![]() ![]()
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар