



Локален Економски Развој/ЛЕРЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, особено при преминот кон децентрализација чија главна цел е да обезбеди развој на локалното стопанство во Општина Илинден. Во смисла на промовирање на стопанската структура, комуналната инфраструктура, природни ресурси, и расположлива работна сила овој проект дава импулс за влез на нови претпријатија и го помага развојот на ново основаните фирми на територијата на Општината. Преку проектот се овозможува партнерите од јавниот, приватниот (бизнис) и невладиниот сектор да создадат подобри услови за економски растеж и отварање на нови работни места како и воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање нова заедница и деловна благосостојба со цел подобрување на квалитетот и условите на животот на сите во заедницата. Целната група кон која се упатени проектните активности се локалната заедница, локалната самоуправа, малите и средните претпријатија, големите претпријатија, занаетчиите и претприемачите и услужниот сектор како и централната Власт. Главните проблеми се индентификувани преку јавни расправи, форуми, непосредна комуникација, анкети, интервјуа и прашалници, повратни информации од граѓаните и партиципативно тело. Дефинираната целна група ја сведуваме на две групи, претпријатија чие седиште е на територијата на Општина Илинден за чиј развој општината може и самата да се грижи, и претпријатија (домашни или странски) чие седиште е надвор од општината, но за кој општината во рамките на својте надлежности прави напори да ги привлече на својата територија.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |