Ј.К.П. “Водовод”

За подобрување на услугите за снабдување со чиста вода за пиење, се формираше во 2008 година ЈКП „Водовод“, надлежностите на ЈКП „Водовод“ се:

  • Зафаќање, препумпување, обработка и дистрибуција на здрава вода за пиење до корисниците
  • Приклучување на домаќинства на водоводната мрежа
  • Одржување на водоводната мрежа

Јавното Комунално Претпријатие „Водовод“ експлоатира и одржува, односно стопанисува со водоводната мрежа  и  со водоводните приклучоци. 

Општина Илинден со вода за пиење се снабдува од регионалниот водоводен систем. Како извориште на вода на овој систем се користат четири бунари со капацитет  на пумпите од 35 л/сек,односно со вкупен капацитет од 140 л/сек, лоцирани во атарот на н.м. Јурумлери.
Со пумпи, преку хлоринаторна станица и потисен цевковод водата се потиснува до резервоарите со вкупен капацитет од 1.500 м³, лоцирани во населените места Бунарџик (2 резервоари со капацитет од по 500 м ³) и Ајватовци (1 резервоар со капацитет од 500м ³).

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010