Ј.К.П. “Илинден”

 

Во рамките на Општина Илинден активно работи Јавното комунално претпријатие “Илинден”. 
Ј.К.П. “Илинден” е основано во 1998 година, за вршење на дејности од јавен интерес. Заради организирање и квалитетно вршење на комунални дејности и стопанисување со објекти на комуналната инфраструктура од локален карактер, кои се протегаат или служат за давање на комунални услуги на подрачјето на Општина Илинден.
Ј.К.П. “Илинден” е ангажирано во вршење на следниве дејности:

  • Собирање на јавна чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на  ниска и висока вегетација
  • Одржување на патишта и улици
  • Одржување на јавно осветлување

Во почетокот на основањето на оваа Јавно Комунално Претпријатие,се вработија 10 луѓе,а моментално се вработени 80 работници.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010