Prijavi problem

Заклучоци , мерки и препораки на Општински кризен штаб – Илинден

Објавено на: 04.06.2020 - 13:13

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Општинскиот кризен штаб-Илинден ги донесе следниве заклучоци, мерки и препораки:

 

1. Ги повикуваме сите граѓани на почитување и спроведување на актуелните одлуки, мерки и препораки на Владата и Главниот координативен кризен штаб  како и Министертството за здравство, во врска со КОВИД-19 утврдени во Одлука за дополнување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија (Службен весник на РСМ    бр. 147/2020):

 

- “Се забранува движење на населението и возила од јавен превоз на подрачјето на градот Скопје и општините во градот Скопје и околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково...., во временски период од 21.00 часот на 4 јуни 2020 година (четврток) до 05.00 часот на 8 јуни 2020 година (понеделник)“ и

- „Се забранува посета на гробиштата на територија на Република Северна Македонија, освен во случај на погреб, во временски период од 21.00 часот 4 јуни 2020 година (четврток) до 05.00 часот на 8 јуни 2020 година (понеделник)“

- Одлуки, мерки и препораки од седниците на Влада и државните здравствени институции, ќе бидат систематизирани и поставени на web-страната на општина Илинден www.Ilinden.gov.mk  со цел дополнителна информација на граѓаните;

3. Се препорачува да се смалат социјалните контакти на минимум, за време на забраната и посебниот режим на движење да останеме во своите домови, како би се избегнало ширењето на вирусот и да добиеме на време, односно, за пократок период да се надмине состојбата на пандемија;

4. Задолжително почитување на социјална дистанца, пред маркети, аптеки, филијали на банки, и внатре во просториите. Претставува голем ризик и опасност по здравјето ако не се одржува потребната дистанца;

5. Се задолжуваат одговорните лица на филијалите на банките и маркетите, поставените редари пред банките и маркетите, во целост да ги спроведуваат препораките за социјално дистанцирање;

6. Се задолжува директорот на средното општинско стручно училиште Илинден во целост да ги спроведува препораките и мерките при упис на ученици согласно препораките од Влада на РМ и Комисијата за заразни болести и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишување на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година (ЛИНК) да се истакне на видно место во училиштето;

7. Се задолжуваат директорите на основните училишта во општина Илинден во целост да ги спроведуваат препораките и мерките при упис на првачиња согласно препораките од Влада на РМ и Комисијата за заразни болести и Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта (ЛИНК) да се истакне на видни места во училиштата;

8. Се задолжува директорот на детската градинка ЈОУДГ Гоце Делчев во целост да ги спроведуваат препораките и мерките од Влада на РМ и Комисијата за заразни болести и Протоколот за активности на установите за згрижување и воспитание на деца (ЛИНК) да се истакне на видно место во детската градинка ;  

9. Се задолжуваат лицата кои се во карантин или во самоизолација поради сомнителен случај на Ковид 19 во домот, да ги почитуваат мерките за отстранување на отпад, односно пред одлагање на отпадот (хартиени марамчиња, крпи, маски и ракавици) да ги пакуваат во две вреќи и запечатени да ги одложат во садовите за отпад

10. Се задолжува ЈКП Илинден да продолжи со реализација на планот за спроведување дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општина Илинден, и да врши дополнителна дезинфекција на контејнерите за комунален отпад и локацијата на која се поставени;

11. Општинскиот кризен штаб определи економски оператори, маркети, Деби маркет 4 Кадино, Деби маркет 7 Мралино, Мавит Виолета ДООЕЛ Миладиновци, ресторан Ројал Фудс Марино, на нивно барање, од каде ќе се обезбедуваат најнеопходните намирници, за време на забраната и посебниот режим на движење, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, можат непречено да ја извршуваат својата работа за време на забраната на движење и во деновите сабота и недела.

Доколку се јават и пројават интерес и други економски оператори,маркети, ресторани, да се издадат и нови дозволи;

12. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи;

13. Се препорачува до куќните совети во координација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, интензивно да вршат дезинфекција на заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, во влезовите на зградите, лифтовите, подрумите и гаражите во станбените згради на територија на општина Илинден;

14. Се забранува сообраќај за тешки товарни моторни возила и цистерни на ул.9 во н.м.Илинден;

15. Да се блокира дивиот премин – исклучок од автопатот Скопје-Куманово кај населено место Дељадровци;

16. Се задолжуваат јавните комунални претпријатија да продолжат со интезивни активности за зголемување на јавната чистота и хигиена на јавни површини;

17. Се задолжува ЈКП Илинден да изготви извештај за количина на собран отпад за месеците март, април и мај 2020 година.

18. Социјално загрозени семејства да се опфатат со помош во соработка со Црвениот крст;

19. Одделението за инспекциски надзор да ги интензивира контроли над јавната чистота на јавните и зелените површини, хигиена и уредноста на дворовите на сопствениците, заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, и да доставува дневни детални извештаи од извршените контроли, кои мерки се преземени, против кои лица (со име и презиме) и во кој период;

20. Во координација со ПО Петровец задолжени за реализација на активностите во врска со Ковид 19 да се спроведат сите препораки, мерки и решенија донесени од Општинскиот кризен штаб Илинден.

 

ОФИЦИЈАЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА (и „Состојба со COVID-19“) КАЈ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ  - КЛИКАЈ ТУКА

Известување за ден 6.Мај 2020:


Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013