



Водици 2012: традиционално по 4-ти пат фрлање на крстот во Илинден
Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден, ќе oрганизира фрлање на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви-н.Илинден. За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица на ден 19.01.2012 (четврток) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани. Сите заинтересирани учесници за манифестацијата можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден. За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар