УСВОЕН БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ЗА 2010 ГОДИНА

 Советот на Општина Илинден на својата 12 седница го усвои Буџетот на Општина Илинден за 2010 година кој изнесува 305.250.000,00 денари кој е најголем во 13 годишното постоење на општина Илинден. 

Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Илинден во Буџетот за 2010 се од:

  • Даночните приходи кои изнесуваат 46,30 % односно 141.366.000,00 денари и се најголемо учество во планираните приходи преку кои се гледа колкава е способноста на општината да ги собере сопствените приходи особено даноците на имот кои претсавуваат фискален капацитет на општината.
  • Неданочните приходи со 3.30% односно 10.055.000,00 денари кои се составени од приходи од владини услуги при што треба да се обрне внимание на остварување на приходи на административните такси кои исто така претставуваат значаен приход на општината.
  • Капиталните приходи со 14,80% односно 45.120.000,00 денари, се приходи кои врз основа на Законот за градежно земјиште треба да се слеат во буџетот на општината. 
  • Трансфери и донации со 29,00% односно 88.709.000,00 денари кои претставуваат основа за финансирање на функциите на општината и каде во делот на трансфери се предвидени средства за остварување на надлежностите во основното образование.
  • Кредити со 6,60% односно 20.000.000,00 денари

Капиталните расходи кои изнесуваат 50% од вкупните расходи ја отсликуваат развојната компонента на општина Илинден, кои ќе бидат наменети за капиитални инвестиции за изградба на комунална и патна инфраструктура, подобрување на јавните услуги и квалитетот на живеење, изградба на Дом на култура, инвестиции во образованието и подобрување на образовниот процес, развој на спортските капацитети, набавка на урбана опрема, заштита на животна средина и природа, заштита и спасување од поплави и пожари како и уредување на градежно земјиште. 

Буџетот можете да го разгледате во PDF формат:

http://ilinden.gov.mk/sites/default/files/dokumenti/Budzet_na_opstina_il...

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010