Prijavi problem

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација

Објавено на: 11.09.2019 - 11:12

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Oпштина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела на дел од КП 1807/7 КО Илинден вон градежен, Општина Илинден, со тех. број 009/03/18 од април 2019 година, изработен од ТАЈФА-ПЛАН- ДОО Скопје,

 како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

За Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела на дел од КП 1807/7 КО Илинден вон градежен, Општина Илинден, со тех. број 009/03/18 од април 2019 година, изработен од ТАЈФА-ПЛАН- ДОО Скопјe.

Јавната анкета и Јавната презентација за Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела на дел од КП 1807/7 КО Илинден вон градежен, Општина Илинден, со тех. број 009/03/18 од април 2019 година, изработен од ТАЈФА-ПЛАН- ДОО Скопјe, ќе се спроведе во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам и со излагање на  предлог проектот  на јавно место во просториите на Општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 17.09.2019 година до 23.09. 2019 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок), со почеток во 13,00 часот во просториите на Општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатиот Архитектонско урбанистички проект е изработен од ТАЈФА-ПЛАН ДОО – Скопје, со тех. број 009/03/18  од април 2019 година.

 

Целта на изработка на Архитектонско урбанистичкиот проект: 

Целта на архитектонско урбанистичкиот проект е изнаоѓање на решение кое ќе понуди изградба на оптимално рационален комплекс со намена Е2 – комунална супструктура (терминали, бензински пумпни станици, трафостаници, градби за производство на енергија), согласно програмата на инвеститорот и согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Законот за урбано зеленило (Сл. Весник на РМ 11/18), Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/18),  Правилник за поблиска содржина, форма и начин на обработка на Генерален урбанистички план, Детален урбанистички план, Урбанистички план за село, Урбанистички план вон населено место и регулациски план на Генерален урбанистички план и содржината, формата и начинот на обработката на  Проектот за инфраструктура (Сл. Весник на РМ бр. 142/15).

 

 

Границите на проектниот опфат :

 

Проектниот опфат кој е предмет на разработка на овој архитектонско-

урбанистички проект е дефиниран со Изводот од  Урбанистички план за село Илинден – со разработка на блок 3, 4, 5, 13, 14, 24, 26, 32 и 33 со плански период 2015-2025, Општина Илинден, зафаќа дел од катастарската парцела 1807/7 КО Илинден вгр. и се наоѓа во  Блок 6 од УПС Илинден.

 

 

Границата на проектниот опфат ги има следните координати: 

 

 

            Y                                 X

Y=7545102.6300     X= 4650317.1700 

Y=7545103.0740     X= 4650315.5540 

Y= 7545110.1000    X=4650225.1000 

Y=7545148.7900     X= 4650226.2700 

Y=7545166.2400     X= 4650228.0100 

Y=7545205.4400     X= 4650231.9200

Y=7545255.0300     X= 4650236.8600 

Y=7545349.9900     X= 4650246.3300 

Y=7545467.6896     X= 4650258.1039 

Y=7545467.0080     X= 4650265.8564 

Y= 7545466.3898    X=4650272.8874 

Y=7545464.5477     X= 4650289.2397 

Y= 7545464.4412    X=4650290.1852 

Y=7545462.7055     X= 4650305.5921 

Y=7545462.3773     X= 4650308.6467 

Y=7545461.5957     X= 4650312.3835 

Y=7545460.9236     X= 4650314.6539 

Y=7545460.5005     X= 4650315.8604 

Y=7545448.1900     X= 4650315.5600 

Y=7545442.7842     X= 4650370.0111 

Y=7545441.8165     X= 4650373.6674 

Y=7545441.0764     X= 4650376.4634 

Y=7545440.3300     X= 4650392.0800 

Y=7545438.1500     X= 4650417.1700 

Y=7545431.2200     X= 4650416.2300 

Y=7545294.9400     X= 4650397.8400 

Y=7545299.0500     X= 4650415.1200 

 

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на проектниот опфат изнесува 50301,2 м2.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

УПС Илинден со разработка на Блок 3, 4, 5, 13, 14, 24, 26, 32 и 33 Општина Илинден, Плански период 2015 - 2025,  Блок 6

Пошироко опкружување на Блок 6, УПС Илинден

Синтезен план од АУП за формирање на ГП на дел од КП 1807/7 КО Илинден вгр. Општина Илинден со техн. број 009/03/18 од април 2019 год

Анкетен лист

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013