Соларна електрана во Општина Илинден

Во Општина Илинден ќе почне да се гради соларна електрана со снага од 1 MW. 

На последното јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште во Општина Илинден, продадена е парцела со површина од 20.000 метри квадратни за изградба на соларна електрана. Станува збор за парцела во населеното место Ајватовци, на која ќе биде изградена соларна електрана со снага од 1 MW. 

Општина Илинден и натаму продолжува со реализација на еден од своите приоритети, а тоа е создавање на услови за примена на алтернативни и обновливи извори на енергија.

Во рамките на ова, во делот на образованието и културата веќе се применуваат модели на енергетско ефикасни системи за греење и ладење со користење обновливи извори на енергија, кои придонесуваат за заштеда на енергијата, а со тоа и на финансиски средства.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010